spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Битолска коњаница „Галоп“ тргна кон Крушево

Битола: Битолска коњаница „Галоп“ тргна кон Крушево

Битолска коњаница „Галоп“ своето седумдневно патување до Крушево, го започнa денес од Офицерскиот дом во Битола, а потоа продолжи по Широк сокак, до Саат Кулата, по Булевар 1-ви Мај се до Црквата „Архангел Гаврил’ во Довлеџик каде беа пречекани од Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски. Митрополитот преспанско пелагониски г.Петар, одржа свечена литургија давајќи им благослов, а градоначалникот  Коњановски, кој е поддржувач на оваа иницијатива, на учесниците во коњаницата им посака голем успех и лесен пат до Крушево.

После денешната служба коњаницата продолжува за село Цапари каде ќе биде пречекана од месното население и ќе биде положено цвеќе на споменикот на загинатите Илинденци.

Битолската коњаница во Крушево треба да пристигне на 31 јули. На 1 август ќе учествуваат на дефиле во Крушево, а на 2 август на Мечкин Камен ќе учествуваат во одбележувањето на државниот празник Илинден.

Во коњаницата учествуваат 12 момчиња и две девојки кои со своите коњи ќе одјаваат пат долг 174 километри. Иницијативата е на Здружението за развој на рурален туризам и организирање Битолска коњаница Галоп Битола и истата има за цел да ја негува традицијата и да покаже благодарност кон сите кои учествувале во формирањето на битолската револуционерна околија, битолскиот револуционерен округ, како и на сите кои учествуваа во организација на Илинденското востание, сите оние кои дале свои животи за слободата на Mакедонскиот народ.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...