spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН – одбележување на празникот во Битола

Битола: НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН – одбележување на празникот во Битола

Делегација предводена од градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, утринава го започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден, со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“. Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола предводени од претседателката Габриела Илиевска и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Делегациите им оддадоа почит на жртвите за денешната слобода и кај споменикот на двата илиндена пред Центарот за култура, каде се приклучија и претставници на Општинската организација на Сојузот на борци Битола и партијата ПОДЕМ.

Градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до граѓаните по повод големиот празник Илинден.

„На 2 Август, еден од најголемите и најсветли празници во македонската историја, кога одбележуваме два значајни датуми, два Илиндена, неминовно се потсетуваме на нашите предци кои храбро во 1903-тата имаа визија и до последно се бореа за неа, за својата прва република на Балканот, како и на предците кои преку Првото заседание на АСНОМ, ги поставија темелите на денешната независна, слободна Република Македонија.

Ова парче земја, пребогато со историја, традиција и култура, во минатото било подрачје на судири и аспирации, но токму преку денешнот празник, е искажан нашиот вековен стремеж за слобода, за рамноправност на нашиот идентитет, јазик и култура. Јасно и недвосмислено ги продолжуваме традициите на нашите претци, со голема почит кон нивното дело и положените животи.

Пред нас е исправен нов предизвик, наречен иднина, во која посебно треба да ги истакнеме нашите човечки вредности на почит, слобода, разбирање, меѓусебна толеранција, чекорејќи кон видлив прогрес на заеднички успеси. Исправени сме пред новото време на непознати болести, економска и енергетска криза, војни, временски непогоди.

Токму затоа, денешниот Илинден нека ни биде своевиден патоказ, низ кој преку идеалите на нашите Илинденци, ќе научиме како сите заедно, да стигнеме до нашата подобра иднина, да оставиме подобро утре за нашите поколенија, да бидеме столб за нивната сигурност.

Нека ни е честит и вековит Илинден!“

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...