spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Честитка по повод Илинден од градоначалникот Љупчо Папазов

Кочани: Честитка по повод Илинден од градоначалникот Љупчо Папазов

По повод големиот македонски празник Илинден – Денот на Републиката, кога се одбележуваат 119 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните.

„Од мое име и од името на Општина Кочани ви го честитам Илинден и посакувам тој да остане светилник и патоказ на нашата истрајност и себепрепознавање. Темелникот на нашата државност нека нѐ потсетува на вековниот непокор и нека ги јакне сплотеноста и соживотот. Нека ни е честит и вековит Илинден” – се вели во честитката од градоначалникот Папазов.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...