spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЕСП СКОПЈЕ : Странски јазик - 5 совети за побрзо совладување

ЕСП СКОПЈЕ : Странски јазик – 5 совети за побрзо совладување

Сoвладувањето странски јазик не е лесно за многумина, но со редовно учење и користење правилни методи, секој странски јазик може да се усвои.

Доколку се прашувате како побрзо да напреднете, прочитајте ги овие совети за изучување странски јазик, дадени од професори со долгогодишно искуство:

ДЕФИНИРАЈТЕ ЈАСНИ ЦЕЛИ

Научните истражувања покажуваат дека оние кои јасно си ги дефинираат целите имаат поголеми шанси за успех. Целите го стеснуваат фокусот и овозможуваат веднаш да се прејде на акција. За изучување странски јазик, најдобро е да поставите и краткорочни и долгорочни цели. Еве што треба да знаете за нив:

Долгорочна цел –Кога ќе изгубите мотивација или самодоверба, секогаш потсетете се на вашата главна долгорочна цел. Таа нека биде вашата водилка. Пример: Сакам да го подобрам мојот англиски јазик за да студирам во странство.

За да се потсеќате на целта, можете дури да ја напишете на хартија и да ја залепите над вашето биро.

Краткорочна цел – Долгорочните цели на мигови може да изгледаат невозможни. Затоа, тука се краткорочните цели да ви дадат поддршка.

Наместо постојано да мислите на достигнување C2 ниво по англиски јазик, фокусирајте се на специфични и опипливи резултати.

Кажете си: „Неделава ќе научам 30 англиски збора поврзани со готвење“ или пак „Неделава ќе напишам текст од 500 збора на шпански јазик.“

Доколку ова ви стане редовна практика, за брзо време ќе постигнете огромен напредок.

ПРИМЕНУВАЈТЕ ГО ЈАЗИКОТ ВО ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Како почетник, може да изгледа нереално да го користите јазикот во вашето секојдневие, но штом еднаш почнете, понатаму ќе ви оди како песна. Постојат многу лесни и забавни методи:

  • Искористете го секој можен миг за учење нови зборови. Одлично решение се флеш картичките кои може да ги меморирате додека патувате на работно место, факултет или училиште.
  • Заменувајте зборови од вашиот мајчин јазик со зборови од јазикот што го изучувате. На пример, кога ќе го научите шпанскиот збор casa (куќа), можете да кажете: „Сега ќе одам во мојата casa“. Можеби ќе ви делува смешно на почеток, но овој метод дава одлични резултати. Како што ќе напредувате, ќе можете да заменувате сé повеќе зборови.
  • Бидете наратор на вашито живот. Користете странски зборови додека нешто правите. На пример, ако сакате да го научите германскиот збор за чевел – schuh (Шух), кажувајте го зборот секое утро додека облекувате чевли.
  • Можете да кажувате и цели реченици: Си го врзувам чевелот – ich binde meinen shuh (Их бинде мајнен шух). Правете го ова 5-6 месеци и зборовите нема никогаш да ви излезат од глава.
Странски јазик 5 совети за полесно изучување 1

СИТУАЦИИ НА „ПОТОПУВАЊЕ“ ВО СТРАНСКИ ЈАЗИК

Најлесниот начин да се научи еден јазик е преку патување или студирање во странство. Кога ќе бидете опкружени со луѓе кои не го познаваат вашиот мајчин јазик, ќе бидете приморани да го користите истиот.Ваков пристап е омилен на организации како „Мировниот корпус“. Таа редовно поставува изучувачи на странски јазик во ситуации на целосно „потопување“.

Иако ваквите случки можат да бидат непријатни за некои, тие го кршат мразот и будат мотивација за понатамошно учење. Но, дури и без да патувате во странство, можете да се „потопите“ во реални ситуации. Обидете се со следниве опции:

  • Клубови за комуникација на вашиот странски јазик;
  • Интернет туторство – платформи кои спојуваат обучувачи и искусни говорители со студенти;
  • Деловни активности или онлајн настани кадешто луѓето зборуваат на странскиот јазик кој го изучувате;
  • Средба со обучувач за јазик еднаш или два пати неделно;·
  • Посета на групна настава по странски јазик.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА КУЛТУРАТА НА СТРАНСКИОТ ЈАЗИК!

Изучување на културата, историјата, тековните настани и обичаи ќе ви помогне подобро да ги разберете жителите, а со тоа и самиот јазик. Зад ова стојат голем број истражувања кои откриле дека луѓето подобро учат да читаат на втор јазик кога ги разбираат културата и контекстот зад текстовите.

Запаметете, разбирањето јазик е повеќе од разбирање зборови. Со учење странски јазик, вие се запознавате и заљубувате во нова култура. Затоа, полиглотите имаат и пошироки гледишта за светот. Останете верни и посветени на културата за полесно да ги стекнете потребните вештини од странскиот јазик.

ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ СО СЕКОЈ СТРАНСКИ ЈАЗИК

Сите ние најдобро учиме кога сме среќни. Затоа не заборавајте учењето јазик да го направите и забавно. Игрите се одличен начин да го зачините процесот на учење и да вклучите малку повеќе забава. Квизови, крстозбори, асоцијации и пантомима … игрите лесно ќе ви го зграпчат вниманието дури и кога сте уморени или демотивирани.

Уште еден начин да го направите учењето позабавно е да учите преку теми кои ви се веќе од интерес. Доколку ве интересира историја, читајте текстови и гледајте Јутуб видеа за историја, на јазикот кој го изучувате. Ако пак сте понапредно ниво, можете да гледате историски документарци и филмови без превод или пак да читате историски книги.

ЗАКЛУЧОК

Секој човек учи додека е жив, но секој човек учи различно. За некои поголем резултат ќе донесат забавните игри додека за друг онлајн курсевите. Што и да се одлучите, не се откажувајте и пречекајте го секој предизвик со отворени раце. Доколку имате какви било прашања, слободно контактирајте не. Тимот на ЕСП е тука да Ви помогне да се надградите ида ги усовршите вашите вештини.

Извор: ЕСП СКОПЈЕ

Прочитајте

АА: Соопштение за Институции во Јавниот Сектор

0
Почитувани, Со цел ефикасно и рационално спроведување на постапката за селекција за вработување на административен службеник и доследно применување на Законот за административни службеници и...