HomeОпштиниГевгелија: Црвен крст- Гевгелија вклучен во промоцијата на туристичките потенцијали на општина...

Гевгелија: Црвен крст- Гевгелија вклучен во промоцијата на туристичките потенцијали на општина Гевгелија

Активно продолжува соработката помеѓу Општина Гевгелија и ОО Црвен крст- Гевгелија.

Во рамките на активностите на Општина Гевгелија за промоција на туризмот, се вклучени и волонтерите во Клубот на младите на ОО Црвен крст Гевгелија. Облечени во својата опрема и во маиците со новото туристичко лого на градот, на повеќе локации делеа инфо-материјали на граѓаните и туристите за туристичките потенцијали на општина Гевгелија.

ОО Црвен крст- Гевгелија најави дека во промовирањето на туристичкиот капацитет ќе ја даде својата поддршка и во наредниот период, до крајот на летото, се со цел привлекување повеќе домашни и странски туристи.

Извор: Општина Гевгелија

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...