На 30-ти Април (по 14-часовната дискусија) на 12-тата седница, беше донесена одлука на Совет во присуство на пазарџиите кои уредно плаќаат дневна ќирија на ЈП Пазари и директорката Соња Карапашовска, за преместување на пазарџиите во внатрешноста на “Новиот Пазар” во нова Битола под феноменални услови во даден рок од 15 дена.
- Условите беа следни:
- Праволиниски распоред на тезгите
- Соодветен влез на пазарот за дотур на роба
- Нови канти за отпадоци
- Набавка на колички за пренос на роба
- Дислоцирање на кучињата скитници
- Санирање на тоалетите
- Хигиена на пазарот
- Обезбедување на пазарот во ноќни часови
- Промена на кров на пазарот
- Отстранување на дивите пазарџии
Ниту еден услов не е исполнет, а финансиската ситуација на ова претпријатие е во загуба!
На 2 Јуни, советничката група на Левица по барање на пазарџиите во кое беа потпишани повеќе од 70 пазарџии ширум градот, поднесе дополнителна точка до Совет за промена на одлуката и враќање на земјоделците и пазарџиите на паркингот позади новиот пазар поради неисполнети услови од страна на градоначалникот Тони Коњановски и директорката на ЈП Пазари Соња Карапашовска.
Оваа одлука не беше прифатена од страна на коалицијата Поинаку и Вмро-Дпмне!
На 13ти Јули, советникот од Левица, Велевски Горан, јавно од говорница во Совет, повика оставка на директорката Карапашовска на ЈП Пазари.
Како партија им дадовме ветување на земјоделците и пазарџиите дека заеднички ќе го решиме овај проблем, не отстапуваме, одиме до крај!
Пазарџиите и земјоделците ве повикуваат за поддршка:
ПОНЕДЕЛНИК (15.08.2022) ВО 09:30 ЧАСОТ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА!
Извор: ЛЕВИЦА