Од 16ти до 20 ти август во Струга се одржува 50-ти јубилеен Меѓународен ракометен турнир на игралиштето кај женска плажа.
На турнирот учествуваат 5 домашни и 3 екипи од странство.
Екипите се поделени во две групи:
Група А
✅Еурофарм Пелистер,
✅домаќинот Струга,
✅грчки АЕК и
✅словачки Татран Прешов.
Група Б
✅Вардар
✅Бутел
✅Алкалоид,
✅и словенечки Целје.
Бранител на трофејот од ланскиот турнир е Вардар.
Овој турнир има огромно значење за ракометот во земјата и е еден од најстарите ракометни турнири во Европа.
Ракометот е спорт број 1 во земјата, посакуваме успех и фер плеј на сите учесници.
Да ги проследиме заедно натпреварите во одлично навивачко расположение и спортски дух.
Извор: Агенција за млади и спорт