spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Примени преставниците на списанието „Лице в лице“

АМС: Примени преставниците на списанието „Лице в лице“

Во агенцијата за млади и спорт гостин ни беше Мемет Камбер, продавач на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, заедно со социјалната менторка Магдалена Чадиноска Кузманоски.


На оваа средба Мемет ни сподели со какви предизвици се соочува во својата работа, и кои се промените кои таа ги носи во неговиот живот.
Во текот на оваа денешна дружба, тој имаше можност, заедно со директорот на Агенцијата за спорт, Наумче Мојсовски, да се запознае со работата и на останатите колеги, вработени во Агенцијата.


Се договоривме овие посети во иднина да бидат почести, а Агенцијата и понатаму ќе придонесува во неговиот процес на работна интеграција, пред сѐ со купување примероци од списанието – поддржувајќи го неговиот начин на работа, која му овозможува економско и социјално зајакнување.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте