Викторија Петрушева од Валандово е избрана за првенец на генерацијата 2018 – 2022 во гимназиските паралелки на СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово.
Како ученичка, го има претставувано училиштето на регионални и државни натпревари по предметите биологија, хемија и физика и на истите има освоено високи достигнувања. Зад неа се учества во повеќе проектни активности поддржани од домашни и меѓународни организации и успешна имплементација на проекти со училишта од други држави.
Градоначалникот Костадинов истакна дека Викторија е наша вредност. И честиташе за постигнатиот успех и и посакува многу здравје, радости и нови достигнувања. Тој и порача да биде добар човек, да го следи патот на науката, да верува во себе и да сонува за високи цели.
Извор: Општина Валандово