Збирката песни „Доживеј го сонот“ е второ литературно остварување на Магдалена Јованова од Валандово, дело напишано со посвета и посебна љубов кон децата со попреченост.
Во стихозбирката се опејува убавината на човековата душа, безусловната љубов, големите срца и потребата од верба, како сила за справување со сите искушенија на патот по кој одиме.
Книгата е од хуманитарен карактер и средства од продажбата на истата ќе бидат наменети за потребите на Дневниот центар во Валандово.
Градоначалникот Костадинов и честиташе на авторката за успехот и и се заблагодари што остава позитивен пример зад себе. Заеднички, градиме инклузивно општество и преку сопствен пример ги втемелуваме солидарноста и емпатијата како вредности, од кои не отстапуваме.
Извор: Општина Валандово