Министерот за здравство, Беким Сали ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која здравствени услуги нуди и за жителите од општина Центар Жупа, а по потреба и за тие од долнореканскиот крај, општина Маврово и Ростуше.
-Имав прилика да ја посетам дебарската болница. Најпрво сакам да се заблагодарам на медицинскиот персонал, кој дава се од себе за да биде на услуга на граѓаните и нивните потреби. Болницата во Дебар веќе подолго време се соочува со недостиг од инвестиции, како во кадровско планирање, така и во професионална опрема, рече министерот Сали.
Извор: Министерство за здравство