spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Континуирано и урбано осовременување и зазелењување на површините

Битола: Континуирано и урбано осовременување и зазелењување на површините

Една од заложбите на локалната самоуправа е да обезбеди што поголем број на зазеленети површини, оплеменети со дополнителни содржини за секоја возраст, на различни локации во градот. Дел од нив се реализираат со општински средства, а дел со средства од општествено одговорни компании, како континуитет на постојана заедничка соработка на општина Битола и бизнис заедницата.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк, кое е донација од компанијата Бимилк, по повод 70 години од постоењето на овој битолски бренд. Претставниците на компанијата го запознаа градоначалникот со динамиката на изведба и реквизитите кои што ќе бидат поставени во ова катче, наменето за најмладите. Градоначалникот Коњановски ја потврди одличната соработка со компанијата Бимилк и истакна дека сѐ повеќе е изразена потребата од нови катчиња за рекреација и обезбедување што почист воздух за населението.

Во таа насока, по подготвителните теренски активности во изминатиот период,  утре екипите на КЈП „Нискоградба“ ќе направат технички вовед со службите од општината и надзорот, а во среда ќе започнат со градежните работи на градскиот парк во Нова Битола.

По сондирањето на јавното мислење на жителите во Нова Битола, локалната самоуправа презеде чекор за уредување на површина од 25.000 метри квадратни, која досега воопшто не беше одржувана и употреблива, со што ќе се добие нов парк. Покрај хортикултурно и партерно уредување, паркот ќе содржи спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување, со што граѓаните и посетителите на Битола ќе добијат ново место за одмор и рекреација, како и за игра и забава на најмладите.

Општина Битола во континуитет работи на подобрување и обезбедување на поквалитетна животна средина.

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте