spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Рок за апплицирање за стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети

МОН: Рок за апплицирање за стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети

Поради големиот интерес на младите од Северна Македонија за студирање на најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската ранг листа, Министерството за образование и наука донесе одлука рокот за аплицирање за доделување на стипендија за престижните студии да остане до 15ти септември.

Иако има значително зголемен број на апликации на објавените конкурси за стипендии за прв, втор и трет циклус на студии на највисоко рангираните високообразовни установи во светски рамки, министерството врз основа на извршени дополнтелни анализи одлучи рокот за аплицирање да не се менува.

Потсетуваме, право да аплицираат на конкурсите за стипендии имаат државјани на Република Северна Македонија кои се примени на некој од најдобрите 100 универзитети во светот, не се корисници на стипендија од друг давател и имаат постигнато одреден успех во текот на претходното образование (зависно од циклусот на студии на кој се запишуваат).

Износот на стипендијата зависи од земјата и универзитетот на кој кандидатот се запишал и го покрива трошокот за уписнина најмногу до 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надомест и трошоците за превоз. По завршувањето на студиите кандидатите согласно потпишаниот договор имаат обврска да се вратат во Република Северна Македонија и да работат во јавниот или приватниот сектор најмалку двојно поголем период од периодот на студирање.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...