spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на средба со своите колеги од регионот

МНР: Османи на средба со своите колеги од регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на Бледскиот стратешки форум, учествуваше на состанок организиран од министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на кој се разменија мислења за актуелните случувања на Западниот Балкан, со фокус врз неговата европска и евро-атлантска перспектива, регионалната соработка, како и за влијанието на војната во Украина врз политичките и економски процеси во регионот.

На почетокот на своето излагање, министерот Османи истакна дека почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ има историско значење, со оглед на седумнаесетгодишниот период на чекање од добивањето на кандидатски статус. Според Османи, овој чин ја нагласува важноста на политиката на проширување, како еден од најуспешните проекти на ЕУ, во зајакнувањето на европското единство и консолидација на безбедноста и демократските принципи и вредности на европскиот континент.

Евро-интеграцискиот процес ѝ помага на Северна Македонија да ги зацврсти своите демократски потенцијали, а со решавањето на споровите со соседите, да обезбеди долгорочен развој и предвидливост, потенцира Османи.

Во ситуација кога континентот е под влијание на пошироките политички и економски ефекти на воената криза во Украина, но и на нерешените прашања во регионот, Османи ја нагласи неопходноста на континуирана комуникација и координација, како во рамките на иницијативата Б6, неформалната платформа за на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан, покрената од министерот Османи, во јуни минатата година.

На состанокот учествуваа и министрите за надворешни работи на Косово – Доника Грвала Шварц, Црна Гора – Ранко Кривокапиќ и заменик министерката за надворешни работи на Албанија – Меги Фино.

 

 

 

 

Извор: Министерство  за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...