spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Бун

МНР: Средба Османи – Бун

На маргини на Бледскиот стратешки форум министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со државната министерка за Европа во француското Министерство за Европа и надворешни работи на Франција, Лоранс Бун.

Министерот Османи ѝ честита по повод преземањето на функцијата и ѝ посака успех во работењето, со уверување дека ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на билатералните односи и продлабочување на соработката, особено на полето на евроинтеграциите.

Во фокус на разговорите беше нашиот евроинтегративен процес во светло на отпочнатите пристапни преговори, при што соговорниците заклучија дека Европската унија испрати силна порака дека интеграцијата на регионот го смета за прашање од геостратешки интерес.

 

Министерот Османи изрази благодарност за ангажманот на францускиот претседател Макрон и на француското претседателство со Советот на ЕУ за надминување на блокадата на нашиот евроинтегративен пат, што ја покажува посветеноста на Франција на европската перспектива на нашата држава.

Соговорниците разменија мислења и за актуелната ситуација во Украина и справувањето со безбедносните предизвици во регионот, како последица на руската агресија врз Украина.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија