spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи панелист на Бледскиот стратешки форум на тема “ЕУ и Западниот...

МНР: Османи панелист на Бледскиот стратешки форум на тема “ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?

Во рамки на учеството на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше свое обраќање на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“, заедно со заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар; министрите за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и БиХ, Бисера Турковиќ; специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања, Мирослав Лајчак; високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.
Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер.
Министерот Османи во својот настап се осврна на долгоочекуваниот почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, кој го отвори патот за финалната фаза од пристапувањето во ЕУ, за кој државата, без сомнение, е подготвена веќе 17 години.
„Денес сум привилегиран и среќен што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент. Секако, не се согласуваат сите во Северна Македонија или пошироко надвор од Северна Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правна, стратешка и уште еднаш покажа дека Северна Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност “, истакна Османи.
Министерот порача дека процесот на проширување со регионот, како заокружување на европскиот проект, е комплементарени треба да се одвива паралелно со процесот на консолидирање на европскиот суверенитет и стратешка автономија. Проактивниот пристап на ЕУ кон регионот наспроти реактивното менаџирање на актуелните предизвици ќе ја зацврсти отпорноста и геополитичката безбедност како на регионот, така и на самата ЕУ.

Прочитајте