Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити вчера присуствуваше на отворањето на шестата регионална конференција на независни тела за еднаквост во Југоисточна Европа.
За успешна борба против дискриминацијата потребно е имплементација на законски одредби за заштита на човековите права, независни тела, координирана и навремена реакција, спречување и санкционирање на сите форми на дискриминација.
Поддршката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е императив во оваа насока.