МЗШВ: Дополнителни 2 денари по килограм за предадено грозје во преработувачки капацитет

МинистерстваМЗШВ: Дополнителни 2 денари по килограм за предадено грозје во преработувачки капацитет

Најчитано

Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги донесе новите две дополнителни мерки за финансиска поддршка на лозарите и винариите. Овие две мерки, кои Владата ги донесе, се резултат од констуктивната средба на претставниците на лозарите и винариите со премиерот Димитар Ковачевски и министерот Љупчо Николовски.

Преку измените на Програмата за финасиска поддршка во земјоделството за 2022 година воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денари по килограм. Корисници на оваа нова подмерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино, или е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.

Успеавме преку заеднички разговори со лозарите и винариите оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30%.

Грозјето од сортата Смедеревката оваа година ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.

Со дополнителните мерки на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус 2 денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревка и 17 за вранец. Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 односно 48.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари за килограм, што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари за килограм за смедеревка и 20 денари за килограм за вранец.

Финасиска поддршка е обезбедена и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извесено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година. Корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино запишани во Регистарот на производители кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино. Финасиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува 2 денари по литар за наливно вино, 3 денари за стаклена амбалажа до 0.75 литри, 3 денари за bag in box и ПЕТ амбалажа со тежина од 2 до 10 литри и 4 денари за стаклена амбалажа и ПЕТ амбалажа со тежина од 0.75 до 2 литри.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води грижа за секој еден земјоделец. Токму секторот лозарство и производство на вино за нас се од посебна важност,  за тоа говорат и мерките кои како поддршка се даваат за лозарите. Од 2017 година до денес преку разни основи на поддршка достигнуваме до висока бројка на инвестирани од околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони се средства директно исплатени кон лозарите.

Сите овие вложувања и мерки кои министерството и Владата ги превзема во насока на поддршка на овој сектор дале резултати. Денес домашното производство на грозје го стабилизираме, со просечно годишно производство од околу 270 илјади тони, додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Бележиме раст и кај регистрираните винарски визби чиј број денес изнесува 139 визби, кои располагаат со вкупен капацитет за преработка на вино до околу 200 милиони литри, што е речиси два пати поголем од годишното производство на вино.

Успешните мерки спроведени од министерството и Владата бележат и континуиран раст на извозот на флаширано вино од скоро 69 милиони литри  за 2021 година, што претставува пораст од 8,8% по количина споредено со 2020 година.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе