spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Исплатени 62,2 милиони денари субвенции кон 1.700 сточари одлгедувачи на кози...

МЗШВ: Исплатени 62,2 милиони денари субвенции кон 1.700 сточари одлгедувачи на кози за обележани грала кози

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите одгледувачи на кози дека Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за обележани грла кози.

Кај оваа мерка како корисници се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на кози, кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на кози.

Исплатена е финасиска поддршка во вкупен износ од 62.201.000 денари кон 1.700 сточари, одгледувачи на кози.

Директните плаќања кон одлегувачите на кози изнесуваат 1.200 денари по грло, односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.

Преку ребалансот на буџетот за 2022 година обезбедени се 2,7 милијарди денари, средства наменети за испалта на субвенциите кон земјоделците. Со овие средства до крајот на годината МЗШВ, целосно ќе ги исплати заостанатите обврски кон земјоделците, а ќе започне и авансната исплата на субвенциите.

Согласно подготвената динамика за исплата следува исплатата на субвенциите кон сточарите, одгледувачи на овци и гоеници. Претходно во текот на месец август, АФПЗРР изврши исплата кон сточарите одгледувачи на говеда и пчели, односно се исплатија 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда до близу 9.700 корисници и 210 милиони денари финасиска поддршка за презимени пчелни семејства до 5.877 пчелари.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте