Планот за справување со енергетската криза не предвидува рестрикции на струја

ВладаПланот за справување со енергетската криза не предвидува рестрикции на струја

Најчитано

По завршувањето на 17 седница на Совет за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски, на новинарското прашање за договорот со Бугарија за справување со последиците од енергетската криза посочи дека со нашиот сосед е разговарано за обезбедување на базна електрична енергија, од 200 мегавати капацитет на час и дека веќе од утре ќе работи заедничка работна група од ресорните министерства и компании со цел таа идеја да се реализира, по што се очекува да обезбеди доволно електрична енергија за стопанството.

„Треба да се направи дополнителна категоризација на самите компании кои што се на либерализираниот пазар, бидејќи тука има производствени компании кои што произведуваат храна и неопходни производи за граѓаните и други компании кои што исто така произведуваат значајни производи и се во различни производствени или услужни сектори, како што  се на пример градежните компании, компаниите во ТИРЗ. Има и компании кои што во други услуги, како што се на пример ланци на маркети, аптеки, бензински пумпи, приватни болници, рудници, банки, осигурителни компании и соодветно на тоа ние како држава мора да обезбедиме електрична енергија која што ќе овозможи непречено снабдување за истите“, посочи Ковачевски.

На прашањето дали поради енергетската криза во иднина се размислува за рестрикции и дали некој ќе понесе одговорност за апсолутно застарената опрема на капацитетите кои произведуваат електрична енергија, Ковачевски оцени дека овој план кој е направен е конципиран со цел да  нема рестрикции.

„Во моментов за целиот регулиран пазар ЕСМ испорачува енергија од сопствено производство, за сите домаќинства и сите мали потрошувачи и не правиме ниту еден ват увоз за таа намена. Во однос на капацитетите, во нашата земја не е инвестирано во големи енергетски капацитети од денот на нејзината независност. Единствено се направени ветерници кои не произведуваат базна енергија и хидроцентрали кои се користат за обезбедување на баланс на енергија, затоа што акумулациите се на 50% заради климатските промени и сушата.

Овој план исто така има и финансиска димензија, што значи дека државата ќе треба да обезбеди ликвидни средства за електро енергетскиот сектор  со цел да бидат обезбедени авансните плаќања, бидејќи во моментов на електро енергетските пазари сè се плаќа авансно, заради недостаток на ресурсите. Сето ова е со цел договарање и стартирање на 24 часовно производство на електрична и топлинска енергија во ТЕ-ТО како и за обезбедување на суровини за производство на електрична енергија во РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино“, истакна Ковачевски.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе