spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско

Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.

– Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ. Со Стопанската комора ја зајакнуваме соработката, на полето на евроинтеграциите, со цел што е можно подобро исполнување на обврските, но и подготовка за можностите што ќе ги донесе идното членство за македонската економија и општество во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Претседателот Азески посочи дека Стопанската комора на Северна Македонија го поздравува отпочнувањето на процесот и го прифаќа предлог барањето за вклучување на бизнис заедницата во преговарачкиот тим. Коморите вели Азески мора да бидат вклучени во преговарачкиот процес од самиот почеток кога се моделираат промените, како клучна врска со компаниите која ќе обезбеди транспарентност на процесот кон бизнисот и олеснување на примената (која не секогаш ќе биде лесна и ќе бара драстични промени во работењето на бизнисите). За таа цел претседателот на Комората ја предложи Јадранка Аризанковска за координатор на преговарачкиот тим од Стопанската комора која има 33 години работно искуство во коморско работење, сертифициран менаџмент консултант, инструктор и ментор за проекти и менаџмент процесите во компаниите, проект менаџер на повеќе од 10-тици проекти во Комората реализирани од европските програми преку Европската комисија и повеќе од 20 години работно искуство од директна соработка со европските институции за теми кои придонесуваат за приближување на македонската економија кон европското законодавство.

– Верувам дека експертите од Стопанската комора, кои ќе бидат вклучени во работата на преговарачките работни групи од почетокот на пристапните преговори, ќе дадат значаен придонес во исполнувањето на европските обврски, како со професионално знаење, така и со директни контакти и инпути од бизнис заедницата, истакна Маричиќ, посакувајќи ѝ успех на Аризанковска и добра соработка со Секретаријатот за европски прашања.

На средбата вицепремиерот и главниот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, го информираше претседателот Азески дека преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно побргу, во согласност со новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Истите треба да овозможат сериозни промени во економијата и во другите области (правосудство, владеење на право, животна средина, институции) кои не можат да се постигнат без ставање во некаква рамка и доследно спроведување. Преговарачката структура од македонска страна ќе вклучува експерти, државни службеници со долгогодишно работно искуство на ова поле, експерти и стручни лица од бизнисот, надвор од институциите, но и надвор од државата, кои имаат искуство со водење преговори и пристапување други држави во ЕУ, со цел ефикасни и успешни преговори за справување со сите предизвици.

Улогата на Стопанската комора на Северна Македонија во процесот на преговарање со ЕУ е од голема важност бидејќи ќе придонесува за подигање на свеста во деловното опкружување што значи да се биде дел од единствениот европски пазар, и влијанието за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др. Одредниците коишто ги покриваат поглавјата од економија се однесуваат на критериумот на функционална пазарна економија. Дополнително Европската комисија, а сега и земјите членки, ќе воведат нови индикатори преку коишто ќе го мерат прогресот и ќе има еден позасилен двонасочен комуникациски канал во иднина.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...