Само неколку минути откако продолжи 14-та седница на Советот на Општина Карпош, чиј прв дел се одржа на 30.08.2022 година, истата беше прекината откако не беше обезбеден кворум. Имено, по продолжување на седницата, истата најпрво ја напуштија советниците од политичката партија ГРОМ, а потоа и оние од СДСМ.
Со нивното напуштање и необезбедувањето на кворум, во целост се блокирани точките кои беа изгласани на првиот дел од седницата. Станува збор за плановите за вработувањеа во градинките и училиштата на територијата како и нивните годишни програми за работа.
Локалниот огранок на Левица во Карпош јавно ги прашува советниците на овие партии дали нивното напуштање беше поради необезбедување на мнозинство за гласање на спорниот Детален урбанистички план во Тафталиџе како и за спречување на носење нова одлука за спречување на изградбата на висококатницата во Карпош?
Извор: ЛЕВИЦА