Финансиска поддршка за прводделенците во Битола

Политички партииЛевицаФинансиска поддршка за прводделенците во Битола

Најчитано

  • Прес-конференцијата на Советникот Горан Велевски може да ја погледнете на овој линк.

Иницијативата на советничката група на Левица за еднократна финансиска помош за првоодделенци кои ја започнуваат својата училишна возраст е прифатена од страна на општината и ставена на дневен ред на наредната седница која ќе се одржи на 16ти овај месец во петок.

Со сигурност оваа одлука ќе биди прифатена и едногласно поддржана од сите советнички групи за да им се помогни на родителите кои веќе ги испратиле своите првоодделенци во училишните клупи.

Како партија, која се грижи за граѓаните, успеавме да се избориме во овие тешки времиња да им се обезбедат средства како еднократна финансиска помош која ке биде во континуитет и наредните години.

После одлуката во Совет, на граѓаните, кои имаат првооддленеци, ќе им се исплатат средства. Иако е со мало задоцнување поради попречености, сепак ќе им се рефундираат средства кои ќе им бидат од помош.

Инфлацијата веќе ја живееме, училишниот прибор е повеќе од 50% поскап од претходната година, па затоа оваа одлука мора да се спроведи како почеток за рамноправност помеѓу нашите најмлади.

Сепак, нашето барање беше да им се обезбедат средства во износ од 4000 ден. за секое дете кое ја започнува својата школска возраст во прво одделение, за на крај локалната самопуправа да го намали износот на 3000 ден.

Како што напоменавме, седницата започнува во петок каде што тврдиме дека одлуката ќе биди позитивно прифатена, иако оставаме простор за дискусија и зголемување на еднократната помош. После оваа одлука сите документи за аплицирање ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Битола.

Едно е јасно, како советничка група,неколку пати докажавме, и уште еднаш успеваме да направиме позитивен чекор за граѓаните, и покрај тешкотиите кои ни се спротиставуваат. Доследни сме и продолжуваме да работиме за битолчани, лојално и транспарентно во секое време како што доликува за овај град.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе