МНР: Османи на Светскиот економски форум во рамки на 77-то ГС на ОН

МинистерстваМНР: Османи на Светскиот економски форум во рамки на 77-то ГС на...

Најчитано

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на настан посветен на геополитичките предизвици за обезбедување на одржлив развој, соработка и мир на глобално ниво,  во организација на Светскиот економски форум, а во рамки на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации.

Акцентот на дискусиите беше поставен на новата геополитичка реалност, унапредување на одржливата и колективна безбедност заради справување со новите предизвици, идентификување на можностите за соработка со фокус на соработката со приватниот сектор, како и улогата на приватниот сектор во споделување на глобалните приоритети, а со цел обезбедување непречен прогрес кон имплементација на целите за одржлив развој и гарантирање на мирот и безбедноста.

,,Само со силно политичко лидерство од страна на владите може да биде постигнат одржливиот мир, правда и ефективни и одговорни институции, а во фокусот на агендата за одржлив развој треба да бидат луѓето,  како главен приоритет при обликувањето на идните стратегии’’, истакна Османи.

На настанот учествуваа повеќе од триесет високи владини претставници, министри за надворешни работи, како и претседатели и менаџери на големи меѓународни фондации.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе