spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи – Алзајани

МНР: Средба Османи – Алзајани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то заседание на Генералното Собрание на ОН, оствари средби со министерот за надворешни работи на  Кралството Бахреин, Абулатиф бин Рашид Алзајани.

 На средбата беа разгледани билатералните односи, при што министерот Османи ги истакна заложбите за динамизирање на соработката особено во економската област, туризмот, трговијата и инвестициите. Притоа, беше нагласено дека двете земји имаат голем потенцијал за продлабочување на бизнис релациите, на што ќе биде посветено значително внимание во периодот што претстои.

Соговорниците изразија очекување за забогатување на договорната рамка, како и идно зајакнување на соработката и во делот на мултилатералната дипломатија.

Воедно, беа разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и  за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Ѓорче Петров: Голема акција за пошумување на Кучково

0
Реализираме нова голема акција за зазеленување на с.Кучково! Заедно со 130 вработени од компанијата „Џонсон Мети“ денеска во околина на локацијата „Крст“ засадивме 2.000...