spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи – Хусеин ал-Сафади

МНР: Средба Османи – Хусеин ал-Сафади

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ОН, оствари средба со министерот за надворешни работи на Хашмитското Кралство Јордан, Ајман Хусеин ал-Сафади.

 Соговорниците изразија задоволство од развојот на билатералните односи, потенцирајќи ја важноста од натамошно унапредување на соработката во рамките на меѓународните организации и институции. Фокус на разговорот беше претстојната Медитеранска конференција на ОБСЕ, што Северна Македонија, како иден претседавач со Организацијата, одлучи да ја организира во Јордан. Подготовките за конференцијата се во тек, а соговорниците изразија задоволство за можноста заеднички да придонесат кон зајакнување на врските меѓу ОБСЕ и земјите – партнери од медитеранот.

 Министерот Османи упати благодарност кон Ал-Садафи за подготвителните активности за ко-организирање на Медитеранската конференција која ќе се одржи кон крајот на Октомври во Јордан.

 Соговорниците изразија уверување дека Конференцијата ќе биде заеднички успех за двете земји и дека ќе ја зголеми перспективата за заемна билатерална соработка во иднина.

 На средбата стана збор и за соодветните регионалните состојби и предизвици  при што беше изразен интерес за зајакнување на соработката меѓу двата региони, во областите од заеднички интерес.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...