spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Јавен повик за пријавување во работни групи за изработка на Националната...

АМС: Јавен повик за пријавување во работни групи за изработка на Националната стратегија за млади 2023-2027

 

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) подготвува Национална стратегија за млади за периодот 2023 – 2027 година.

Процесот на подготвување на стратегијата опфаќа онлајн консултативни процеси, како и организација на настани и тематски работни групи во периодот од октомври до декември 2022 година. Во процесот ќе бидат вклучени сите засегнати страни за младински политики: државни институции, младински организации, образовни установи, донаторска заедница и локална самоуправа.

Сите заинтересирани млади лица (од 15-29 години) и лица кој сакаат да дадат свој придонес во изработка на Националната стратегија за млади 2023 – 2027 година, во приоритетните области:

  • Младинско учество,
  • Младинска работа,
  • Младинско информирање,
  • Претприемништвои поддршка пред вработување,
  • Здравје,
  • Култура,
  • Образование и
  • Безбедност

можат да се пријават со пополнување на googlе формата на следниот ЛИНК. Исто така, заинтересираните лица можат да се пријават за учество во повеќе приоритетни области.

Рокот за аплицирање е 5-ти октомври 2022 година.

Трошоците (пат и сместување) за учество во работните групи ќе бидат покриени од страна на организаторот.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...