spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕДезертерот Ковачевски е трајно неспособен да ја води државата, затоа оставка веднаш

Дезертерот Ковачевски е трајно неспособен да ја води државата, затоа оставка веднаш

Димитар Ковачевски не само што е дезертер, туку е и лажов. Тоа се докажа со неговите контрадикторни изјави во кои еднаш вели дека воениот рок не го служал заради школувањето, а вторпат дека имал последователни хируршки зафати. Кога лажеше Ковачевски, тогаш или сега или и тогаш и сега?
На лагата и се кратки нозете, а дезертерот КОвачевски е најдобар доказ за тоа.

Еден факт е непобитен, а тоа е дека  Ковачевски избегнал служење на воениот рок во 2001 година со медицинска белешка дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Трајно неспособниот Ковачевски не можел да отслужи воен рок, ама прв е да се нареди за вршење на функција. Додека илјадници семејства ги испраќаа своите браѓа, сопрузи, татковци на воена линија, Ковачевски како татино синче трчкал медицински потврди само и само да не служи војска. И веројатно играјќи на најсигурната варијанта станал ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со тапија.

Епа Ковачевски џабе бегаш, џабе манипулираш. Ова не е и не смее да биде тајна, бидејќи ако еден премиер не одговорил на обврските кон државата тогаш тој не е достоен за функцијата. Ако имаш грам доблест поднеси си оставка дезертеру!

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...