spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Повик за еднократна субвенција на лицата со попреченост

Валандово: Повик за еднократна субвенција на лицата со попреченост

Општина Валандово го објави повикот за аплицирање за новата еднократна субвенција, наменета за поддршка на лицата со попреченост од нашата заедница. Истиот, ќе биде отворен до 31.10.2022 година.

Се работи за финансиска поддршка во висина од 20.000 денари за лицата со следните категории на попреченост:

– Лица со тешка или длабока интелектуална попреченост;
– Лица со пречки во физичкиот развој;
– Лица со аутизам;
– Потполно слепи лица;
– Потполно глуви лица;

Документите кои се потребни да се аплицира за ова субвенција се следните:

– Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченоста издаден од соодветна установа или потврда од центарот за социјални работи дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијална здраствена установа;
– Важечка лична карта за лицето кое бара еднократна парична помош, или лична карта на родител/старател;
– Трансакциска сметка за лицето кое бара еднократна помош или трансакциска сметка на родител/старател;

Право за аплицирање имаат сите лица од погоре наведените категории, до 65 годишна старост.

Барањето за остварување на правото за ова еднократна поддршка, може да се поднесе:

– онлајн преку веб или мобилната апликација на дигиталната платформа мЗаедница, во делот за „Субвенции“;
– писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово;

Барањето е прикачено на официјалната веб страна на општината и може да се симне на следниот линк: https://valandovo.gov.mk/Општини/Услуги/Обрасци.aspx

Си подаваме рака еден кон друг, си помагаме кога е потребно и заеднички градиме хумана и емпатична заедница, во која има место за секој човек. Валандово оди напред, преку добрина.

Повеќе информации можете да најдете во документот подолу.


ДОКУМЕНТИ:

– Јавен повик (pdf)

 

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте