Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји

ВладаНиз соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете...

Најчитано

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел заедно европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, остварија средба на учениците од Северна Македонија и Бугари, кои во рамки на студиската посета имаа можност да се запознаат со работата и функционирањето на Европскиот парламент.

– Секогаш ме радуваат иницијативите кои создаваат нови пријателства, искуства, нови знаења и развиваат добрососедски односи. Младите од Северна Македонија и Бугарија покажаа дека знаат да градат мостови кои ќе ги поврзуваат двете држави и се одличен пример дека преку образованието може да се градат соработка и нови проекти кои ќе им донесат нови можности, рече вицепремиерот Маричиќ пред учениците.

Домаќинот на овој настан, европратеникот Илхан Ќучук, со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ порачаа дека она за што работат и за што се борат е да отворат нови можности за младите од двете земји кои сите разлики ќе знаат да ги надминат во духот на европските вредности.

Мораме да градиме мостови меѓу двата народа, а не да подигаме ѕидови. Вие сте иднината на нашите две земји и примерот што го давате е значаен за добрососедските односи. Верувам дека ќе продолжиме да ги развиваме и ќе постигнеме многу со заеднички напори, рече Ќучук.

Маричиќ изрази верување дека во иднина ќе има уште повеќе вакви иницијативи, на кои младите од двете земји ќе другаруваат, соработуваат и со меѓусебно почитување ќе напредуваат и ќе носат успеси за своите држави.

Ученици од две збратимени училишта, од Скопје и од Велико Трново, денеска го посетија Европскиот парламент во Брисел, во рамки на заеднички проект, кој има за цел да создаде мостови меѓу младите од двете соседни земји.

Оваа посета на Брисел следува после изложбата што беше организирана во ОУ „Исмаил Ќемали“, Скопје каде што учениците од ова училиште и од ООУ „Бела Благоева“ од Велико Трново, Бугарија, имаа задача да нацртаат она што најмногу ги воодушеви од Република Северна Македонија, а децата од Република Северна Македонија, она на што се сеќаваат и им се допадна во Бугарија.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе