Центар: 15 стипендии за Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

ОпштиниЦентар: 15 стипендии за Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Најчитано

Во рамки на Меморандумот за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Општина Центар обезбедува 15 стипендии за студенти за учебната 2022/2023. Општината ги повикува сите заинтересирани да се јават на повикот и бидат дел од новата студиска година.

Во прилог Општина Центар ги доставува потребните документи за учество на “Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ Универзитетот за туризам и менаџмент:

1.Мотивациско писмо со биографски податоци, во кое се наведува досегашно образование, постигнат успех, познавање на странски јазик и причина за конкурирање на овој повик,

2. Копија од диплома за завршено средно образование/копии од свидетелства за завршени учебни години,

3.Копија од лична карта,

4.Уверение за македонско државјанство и

5.Изјава со која се потврдува дека не е корисник на друга стипендија

Сите дополнителни награди, признанија, познавање на странски јазици ќе се земат во предвид при крајното рангирање.

Пријавата со потребните документи, заинтересираните кандидати треба да ја достават заклучно со 28.09.2022 со назнака “Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ во архивата на Општина Центар. За сите дополнителни информации, може да се јавите на телефонскиот број 075 219 142.

Општина Центар ги охрабрува сите заинтересирани да ја искористат можноста и бесплатно да го дооформат својот образовен процес.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе