Меморандум ќе биде уредено заедничкото делување во областа на превенцијата, едукацијата, социјализацијата и заштитата на правата со пациентските здруженија ,,БАЛАНС МК” – Асоцијацијата за детски дијабетес на #Македонија и Здружението на граѓани ,,Раст” кои ги застапуваат правата на лицата и децата со метаболитички заболувања дијабетес – тип 1 и проблеми со растот. Ова, меѓу другото, беше договорено на средбата на градоначалникот Оце Ѓорѓиевски со претседателите на овие здруженија, Наташа Деспотовски – Димитриевска и Александар Петровски.
-На денешната средба бев информиран за активностите и плановите, како и за проблемите со кои што се соочуваат овие пациентски здруженија. Од мене како градоначалник, ќе ја имаат целосната поддршка, но и конкретни чекори кои ќе произлезат од нивните предлози за вклучување на локалните власти како своевидни партнери и поддржувачи во активностите на здруженијата, како на просторно обезбедување на работата, така и во поглед на заеднички примарно едукативно-образовни проекти на подрачјето на општина Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.
Извор: Општина Кисела Вода