spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Европски Катастар за катастарски услуги по европски стандард

Ковачевски: Европски Катастар за катастарски услуги по европски стандард

Портал за електронски услуги, односно имотните листови и историјатот за сопственост, бидејки тоа е согласно праксите во Европската Унија, каде отворените податоци се регулирани со директивата за јавниот сектор, отворените податоци имаат отворен формат, се користат без надоместок и без да се ограничуваат корисниците.

Дигитализацијата на јавните услуги ја зголемува ефикасноста и пристапноста при испораката на јавните услуги, ги забрзува процесите, гo намалува човечкиот контакт и можностите за корупција и овозможува висока транспарентност на сите нивоа. Значајна е и дигитализацијата во правосудниот систем, пред сѐ поради ефикасноста на завршувањето на постапките. Во тек се процедурите за целосната дигитализација на околу 186 судници во 34 судови, бидејки, меѓу приоритетите во Програмата за работа на Владата 2022 – 2024 година се дигитализацијата, независно и ефикасно правосудство, професионализацијата на институциите и превентивните мерки во надградбата на Планот за борба против корупција“ додаде премиерот Ковачевски.

Тој изрази очекување за скорешно заокружување на предлозите на Законот за премер, катастар на недвижности и регистри и Законот за геодетска дејност, коишто се сега во нацрт форма, низ инклузивен процес, со што ќе се овозможи унапредување на квалитетот на работата на Агенцијата.

„Продолжете уште поактивно да работите во насока на унапредувањето на услугите. Државниот систем, тоа е секој од вас, тоа сме сите ние – огледало на државата и на институциите и инсистирам и ќе инсистирам кон ефикасни и квалитетни услуги, затоа што граѓаните и компаниите, преку даноците, плаќаат и треба и мора ги добиваат. И во Република Северна Македонија се чувствуваат предизвиците од економско-енергетската криза  во глобален контекст, но ве уверувам дека Владата ја поддржува и ќе наоѓа начин да ја поддржи секоја сериозна иницијатива, со цел бенефит за граѓаните и економски развој на државата“, порача премиерот Ковачевски, на настанот во чест на јубилеите што ги одбележа Агенцијата за катастар и недвижности, а на којшто присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, амбасадори и други гости.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте