spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Остануваме посветени на системските реформи, процесите што следат ја добија поддршката...

МФ: Остануваме посветени на системските реформи, процесите што следат ја добија поддршката од ММФ

Реформите во управувањето со јавните финансии и нивната имплементација од страна на Министерството за финансии беа тема на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими со директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, и шефот на Мисијата на ММФ за РС Македонија, Берглjот Баркбу во Вашингтон, во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ.

 

На средбите министерот потенцира дека иако фокусот на Владата е насочен кон справување со енергетската криза и излез од неа со најмали можни негативни последици, континуирано се работи и на реформската агенда која ќе нѐ доближи до европските стандарди и ќе овозможи забрзан раст.

„Ние сме посветени на нашата зацртана реформска агенда која значи унапредување и поголема транспареност во управувањето со јавните финансии. Значаен чекор во тоа е усвојувањето на новиот Закон за буџети, кој значи нов концепт во буџетирањето базирано на резултатите и мерењето на нивната успешност, што ќе ја подобри ефикасноста и ефективноста на јавните расходи. Со Законот се воведуваат нови фискални правила и фискални принципи. Се воспоставува и Фискален совет кој ќе обезбедува независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, Со Законот се воспоставува и среднорочно буџетирање и петгодишна фискална стратегија. Сето тоа ќе значи и поголема транспарентност и поголема контрола на трошењето на парите од граѓаните прибрани во буџетот“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека реформите се однесуваат не само на расходната страна на буџетот, туку дека ја опфаќаат и приходната страна, за што е подготвен концепт на даночна реформа кој се заснова на донесената Стратегија за даночни реформи. За даночната реформа е отворена широка јавна дебата, а финалната верзија ќе инкорпорира и значаен дел од изнесените поенти во јавните дебати.

На средбите стана збор и за мерките што се преземаат за ублажување на ценовниот шок, намалување на сивата економија, како и за спроведувањето на фискална консолидација, унапредувањето на фискалната децентрализација, забрзувањето на зелената транзиција и дигитализацијата. Воедно, беше констатирано дека одлично се одвива координацијата меѓу монетарната и фискалната политика, во доменот на зајакнување на финансиската стабилност и зачувување на растот. Беше посочено дека имплементацијата на реформите е проследена со висок степен на фискална транспарентност и отчетност и дека во тој дел земјата и досега ја имала поддршката од Меѓународниот монетарен фонд и дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...