Тековните предизвици и идните планови и проекти во МИОА, беа тема на денешната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Хулман.
За време на разговорите, министерот ја запозна амбасадорката и со проектите за дигитализација и реформите во јавната администрација.
,,Овие проекти се приоритети на Министерството и имаат за цел да ја зголемат демократијата во земјата, да обезбедат транспарентни, одговорни институции, професионална, деполитизирана администрација и квалитетни услуги за доброто на граѓаните“, рече министерот Алити.
Швајцарија е постојан поддржувач на нашата земја во реформите, економскиот и демократскиот развој, затоа министерот Алити нагласи дека добрите односи меѓу државите ќе останат и понатаму и ќе се интензивираат. Во таа насока ваквите средби ќе продолжат и понатаму за зајакнување на овие билатерални односи.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација