spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Адмирим Алити се сретна со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник...

МИОА: Министерот Адмирим Алити се сретна со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман

Тековните предизвици и идните планови и проекти во МИОА, беа тема на денешната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Хулман.


За време на разговорите, министерот ја запозна амбасадорката и со проектите за дигитализација и реформите во јавната администрација.

,,Овие проекти се приоритети на Министерството и имаат за цел да ја зголемат демократијата во земјата, да обезбедат транспарентни, одговорни институции, професионална, деполитизирана администрација и квалитетни услуги за доброто на граѓаните“, рече министерот Алити.


Швајцарија е постојан поддржувач на нашата земја во реформите, економскиот и демократскиот развој, затоа министерот Алити нагласи дека добрите односи меѓу државите ќе останат и понатаму и ќе се интензивираат. Во таа насока ваквите средби ќе продолжат и понатаму за зајакнување на овие билатерални односи.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...