spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Дониран музејски експонат од Втората светска војна на Паркот на воена...

МО: Дониран музејски експонат од Втората светска војна на Паркот на воена историја Пивка

Во рамки на официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец, го посетија Паркот на воената историја Пивка каде со церемонија беше извршено примопредавање на музејски експонат, германски против-воздушен топ  „Флак 38“ од Втората светска војна, донација од Северна Македонија.

„Музеите се наше автентичното наследство – места каде се потсетуваме и учиме за историјата, места кои инспирираат, нè поврзуваат со нашите предци и нè потсетуваат на настаните од минатото. Чест ми е што со нашата донација ќе ја збогатиме поставката во овој музеј“, рече министерката.

Паркот на воена историја во Пивка содржи поставки на оружје и воена опрема од Втората светска војна од подрачјето на регионот од поранешна Југославија.

Официјалната посета на министерката Петровска на Словенија продолжува и утре, со посета на Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки каде ќе биде изведена показна вежба и посета на регионалното Школо за операции воздух – земја.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...