spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Го подобруваме квалитетот на високото образование и влијаеме врз...

МОН: Шаќири – Го подобруваме квалитетот на високото образование и влијаеме врз човечкиот капитал, како основен услов за државен просперитет

Секоја нова образовна етапа започнува со ентузијазам и со желби за достигнување на поставените цели. Јас посакувам така и да заврши ова ново патување за новата генерација студенти – бруцоши и за сите оние кои преминуваат во повисоки години на студии на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на првиот академски час од новата студиска 2022-2023 година, кој на оваа високообразовна установа започна денес.

„Ова е добра прилика, прво да ги уверам младите дека донеле исправна одлука да продолжат да вложуваат во своето знаење и вештини. Јас посакувам верувањето во доживотно учење да биде и нивна опција, затоа што само така се успева во животот. И второ, овие студенти направиле добар избор на високообразовна установа каде студираат или ќе студираат“ рече Шаќири, додавајќи дека Меѓународниот Балкански Универзитет е препознатлива установа која едуцира квалитетни кадри подготвени да се вклучат во општествените текови и да бидат предводници на промените кон интеграција во развиениот свет.

Министерот истакна дека во нов и добро опремен објект и со наставен кадар кој вложува во обуки и професионална надградба, овој универзитет достоинствено ја чекори втората деценија академски живот, реализирајќи настава во сите три циклуси студии. Како што рече, сериозноста со која се пристапува на научно-истражувачката дејност, издавањето меѓународни научни списанија, организирањето научни конгреси и конференции се само дел од причините што ги привлекуваат студентите.

„Многу ми е драго што Меѓународниот Балкански Универзитет потврдува и дека инвестирањето во атрактивни студиски програми искомбинирано со можностите за мобилност се одразува на зголемување на бројката на студенти и на квалитетот на наставниот кадар. И да не испуштам, ова е универзитет со изразено чувство за општествена одговорност, што се гледа и преку бројноста на стипендиите за најдобрите матуранти од Северна Македонија и Балканскиот регион“, додаде Шаќири.

Потсети дека МОН посветено работи на обезбедување квалитет и ефективност на високото образование во согласност со европските добри практики, ја подобрува достапноста на високото образование, го унапредува системот на акредитација и евалуација на високото образование и го подобрува студентскиот стандард.

“Подобрувајќи го квалитетот на високото образование влијаеме врз човечкиот капитал, како основен услов за просперитет за нашата држава“, потенцираше министерот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...