spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПреговорите на Северна Македонија со ЕУ се реалност, останете цврсто на европскиот...

Преговорите на Северна Македонија со ЕУ се реалност, останете цврсто на европскиот пат

Европратеничката од Словенија, Ирена Јовева, преку видеообраќањето испрати порака со која го честита отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и дава поддршка за евроинтегративниот процес на земјата.

– Важно е да останете цврсто на европскиот пат и македонските граѓани да знаат дека европската интеграција на земјата е реалност, која е остварлива со заедничка посветеност на процесот на преговори и работа на реформската агенда, вели Јовева во обраќањето, додавајќи дека преговорите со Европската Унија се отворени и веќе имаме започнато нова фаза во евроинтеграциите, која бара силен ангажман и политичка волја за брзо и ефикасно спроведување на реформите.

Јовева вели дека Северна Македонија има сојузници и многу пријатели во ЕУ и дека сите напори вредат оти европската перспектива на Северна Македонија е реална и покрај тешките одлуки, поради кои на граѓаните им е тешко да поверуваат дека се оди напред.

– Северна Македонија има стварно многу сојузници многу пријатели тука во ЕУ, а што е најбитно соработка помеѓу нас. За поделби национални па и партиски тука место нема. А дали за Северна Македонија во ЕУ место има-Има, порача Јовева.

Европратеничката е дел од Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, кој во изминатите два дена заседаваше, а свое обраќање имаше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Во продолжение интегрален текст од видеообраќањето на Јовева.

„Драги пријатели во Северна Македонија,

После 17 години чекање, успеавте да направите историски чекор не само за вашата држава туку и за целиот регион и Европа. Преговорите со Европската Унија ги отворивте, со што започнавте нова фаза во евроинтеграциите. Фаза која бара силен ангажман и политичка волја за брзо и ефикасно спроведување на реформите. А тоа несомнено го имате и ќе успеете во исполнувањето на вашата стратешка цел доколку сите заеднички работите на нејзино реализирање.

Започнавте со скрининг процесот, а со тоа односите помеѓу Северна Македонија и европските институции добиваат друга динамика и димензија. Имате партнери на патот кон ЕУ. Имате капацитет и сте на добар пат да ги капитализирате вашите досегашни заложби и напори во евроинтегративниот процес и да станете успешна европска приказна.

Со наша поддршка, од вашите европски пријатели, ќе успеете да ги надминете предизвиците со кои ќе се соочите во текот на преговори. Бидете уверени дека вреди да се направи трансформацијата на општеството заради конкретните придобивки кои ќе ги имаат граѓаните.
Важно е да останете цврсто на европскиот пат и македонските граѓани да знаат дека европската интеграција на земјата е реалност, која е остварлива со заедничка посветеност на процесот на преговори и работа на реформската агенда.

Сега не е време за бариери. Сега е вистински момент да се искористи шансата и со полн капацитет да поставите добро темпо на водење на преговорите, за реализација на поставената цел-Северна Македонија членка на ЕУ до 2030.

Да ви кажам уште еднаш, сите напори вредат, перспективата е реална и покрај тешките одлуки. Знам и дека затоа е тешко да се поверува дека се оди напред, ама се оди. Северна Македонија има стварно многу сојузници многу пријатели тука во ЕУ, а што е најбитно соработка помеѓу нас. За поделби национални па и партиски тука место нема. А дали за Северна Македонија во ЕУ место има-Има! Среќно и успешно во преговорите со Европската Унија“.

Линк од видеото: https://we.tl/t-HhrC58lMM9

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...