spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССДигиталната трансформација во Македонија оди бавно – социјалниот дијалог е селективен

Дигиталната трансформација во Македонија оди бавно – социјалниот дијалог е селективен

Кога зборуваме за дигитална трансформација на индустрискиот сектор во Македонија, нема што многу да се каже, бидејќи државата не вложува премногу во истата. Тоа впрочем се случува на сите можни полиња.

Од друга страна, работниците, особено оние постарите многу потешко се прилагодуваат на дигитализацијата, а со оглед на тоа дека структурата на вработени во компаниите се состои од работници на постара возраст, многу е потешко да обучат за да се прилагодат на дигитализацијата.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во изминатиот период како дел од планираните активности во рамки на проектот: “DIGIMETAL: Strategic employee involvement in digital transformation of manufacturing companies“ организираше два национални семинари на оваа тема кои се одржаа на 26.08.2022 и 21.09.2022.

Како заклучоци од двата состаноци беше тоа дека самите сме сведоци на тоа дека во Македонија социјалниот дијалог е селективен, односно државата уште од самиот почеток има наметнато пракса на „давање на предност на подобниот“, а подобниот не дава отпор. Оттаму, социјалниот дијалог не функционира речиси на ниедно поле, вклучувајќи ја тука и дигитализацијата.

Во време кога главна грижа треба да ни биде токму прилагодувањето на дигиталната трансформација која ја наметнуваат новите технологии, ние сѐ уште се бавиме со проблеми коишто досега требаше да бидат решени. Едноставно кажано – се бориме да ги добиеме работнички права кои ни следуваат со Уставот на Р. Македонија, законите кои ги предвидува трудовата регулатива и конвенциите на Меѓународната организација на труд – МОТ кои Македонија ги има ратификувано.

Да бидеме фер, има многу мал број на компании кои вложуваат во дигитализацијата и обучувањето на вработените, па дури и постарите, каде што тој процес оди малку потешко, но генерално гледано Македонија е назад во овој сегмент.

Од тие причини на 23.09.2022 КСС одржа консултативен состанок на кој што меѓудругото се потпиша и Меморандум за соработка со компанијата Невада ДОО од Битола.

Генерален заклучок  е дека се додека не заживее социјалниот дијалог и истиот не престане да биде селективен, од една страна, и додека не почнат да се почитуваат основните работнички права, од друга, Македонија ќе тапка во место.

За да се започнат да се решаваат нови проблеми, треба прво да се решат старите.

 

 

 

 

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...