Задолжителни прегледи според закон и мобилен мамографски скриниг, како дел од борбата со ракот на дојка

ВладаЗадолжителни прегледи според закон и мобилен мамографски скриниг, како дел од борбата...

Најчитано

Владата на Република Северна Македонија одржа тематска седница посветена на борба со ракот на дојка во Република Северна Македонија, како дел од одбележувањето на месец октомври, на светско ниво, како месец посветен на борбата со ракот на дојка.

Донесените заклучоци се однесуваат на воведување задолжителни здравствени прегледи, како и обезбедување мобилен мамографски скрининг.

Заклучено е да се задолжи Министерството за финансии да предвиди средства во Буџетот за 2023 година, за унапредување на превентивата во ова област, а утврдувањето на конкретната намена на средствата, да биде направено во соработка со Министерството за здравство.

Исто така, задолжено е Министерството за труд и социјална политика, при измените во Законот за безбедност и здравје при работа и во подзаконските акти на законот, да предвиди задолжителен здравствен преглед во рамки на систематските прегледи, со цел внесување на превентивата во оваа област, како законска обврска.

На владината седница присуствуваа претставнички од невладиното Здружение за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените услуги и застапување на пациентите ЕЗРА, кои посочија дека 90 проценти од сите карциноми на дојка може да бидат излекувани, односно дека навремената дијагностика и соодветниот третман, во најголем дел спасуваат животи.

Во таа насока е нагласено значењето на отвореноста на Владата, преку конкретни чекори и политики да придонесе во подобрувањето на состојбите.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе