Решение за затоплување и на граѓаните од Скопје Север

ВладаРешение за затоплување и на граѓаните од Скопје Север

Најчитано

Владата jа разгледа и усвои Информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, доставена од АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје.

Со донесените заклучоците од Владата, се овозможува решение за снабдување со топлинска енергија и на граѓаните корисници на услугите на Скопје Север АД, преку прифаќање на предлогот од АД ЕСМ – Скопје за начинот на премостување на отворените прашања помеѓу Скопје Север АД Скопје и АД „Електрани на Северна Македонија“ – Скопје.

Владата го задолжи Акционерското друштво  за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје.

Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023  година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ – Скопје.

Владата, на денешната седница разгледа и усвои и одлуки за доделување средства за финансирање проекти за плански региони за 2022 година, со индикативно планирани средства за 2023 година, предложени од Министерството за локална самоуправа.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе