АД ЕСМ ќе потпише договор со Скопје Север, но обврските од претходниот и од новиот договор мора да бидат исполнети

ВладаАД ЕСМ ќе потпише договор со Скопје Север, но обврските од претходниот...

Најчитано

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски даде изјава за медиумите поврзана со задолжението од Владата на Република Северна Македонија.

Во продолжение Ви ја пренесуваме изајвата во целост:

„АД ЕСМ ќе склучи нов договор за деловно-техничка соработка со АД Скопје Север, со кој ќе се уредат односите за оваа грејна сезона со цел граѓаните да имаат парно греење во делот на градот кој го покрива Топлана Скопје Север.

За тој договор да биде функционален, Скопје Север ќе мора да ги испочитува сите обврски од договорот, а пред сé неговиот мнозински сопственик, Топлификација АД во стечај да го потпише договорот и Скопје Север да ги спроведе сите обврски кои не ги спроведе во текот на изминатата грејна сезона, по претходниот договор.

Јавноста мора да знае, дека АД Скопје Север и неговиот мнозински акционер, Топлификација АД во стечај, воопшто не соработуваа со АД ЕСМ во изминатава година и  ние наидовме на многу препреки и тешкотии да го заштитиме државниот капитал и државните средства кои ги вложивме за гас за Скопје Север, како и препреки во почитувањето и спроведувањето на неопходните процедури.

Се попречуваше пристапот на нашиот прокурист чија улога е токму да има пристап и увид во целокупното работење и таму да го претставува АД ЕСМ.

Значи, нашиот прокурист никогаш не беше впишан во Централен регистар, овластеното лице никогаш не го врза потписот со потписот на прокуристот и за други исплати покрај од наменската, а имаа таква обврска  и Скопје  Север  не испраќаше секојдневен извештај до прокуристот за извршените плаќања во претходниот ден, што и каде платиле.

Стечајниот управник на Топлификација АД во стечај како сопственик на Север одби да го потпише договорот, одбија да дадат гаранција за средствата и не издадоа меница за обезбедување на средствата.

Не доставуваа извештај до АД ЕСМ за порамнување за финансиската помош за сметките за домаќинствата итн.

За разлика од нив, трите Друштва на БЕГ целосно соработуваа во изминатата грејна сезона и нашите прокуристи имаа целосен увид и контрола за секој исплатен денар.

За сите тие работи АД ЕСМ неколку пати праќаше дописи и ургенции во Скопје Север, баравме состаноци со посредство на Владата, да се изврши влијание врз нив да соработуваат, бидејќи настана ситуација во која бараа помош и средства, како што бараат и сега,  но не сакаа да соработуваат.

Ништо или многу малку се постигна на полето на обезбедување соработка. И до денес е така. Значи, државните пари дадени во Скопје Север висат, не се соодветно заштитени.

За минатата грејна сезона, односно за половина сезона, јануари, февруари, март и април 2022, ЕСМ исплати за Скопје Север 26 милиони денари, или 425 илјади евра за гас.

По првите сознанија од тоа што јавно го кажуваат од Скопје Север, за оваа грејна сезона најверојатно ќе стане збор за сума од околу 60 милиони денари, односни 1 милион евра за гас и дополнително ако има потреба за други намени, тоа ќе треба да се утврди.

Средствата од минатата грејна сезона до денес, не се вратени на ЕСМ, иако Скопје Север потпиша обврска да ги врати и ние пред два дена испративме допис до нив дека таа обврска мора да ја исполнат, бидејќи гасот им беше добавен, тие испорачаа греење, ги наплатија сметките од потрошувачите, но средства кон ЕСМ сé уште не се исплатени.

Затоа вчера и Владата, покрај тоа што нас нé задолжи да потпишеме нов договор за помош кон Скопје Север, Владата исто така укажа дека Скопје Север треба да ги врати средствата кон ЕСМ кои ги доби за минатата грејна сезона.

Останува да видиме како ќе се однесуваат во периодот пред нас. Ние уште од утре ќе ги повикаме на состанок на кој ќе треба да ги регулираме и договориме обврските за минатата грејна сезона и потоа и за оваа.

Да сумирам, потрошувачите во дел од градот Скопје, односно дел од Општина Чаир и Општината Бутел, да бидат спокојни, парно ќе имаат, државата мисли на сите и има обврска да се грижи за сите, а АД ЕСМ секако ќе го реши прашањето со поврат на своите средства, кои ќе ги вложи во обезбедување на греењето, а во име на другиот субјект и од нашите побарување ниту можеме ниту смееме да се откажеме, тоа се средства за кои и ние треба да дадеме отчет пред Владата.”

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе