spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Секој конструктивен предлог за измените на Законот за здруженија и фондации...

МП: Секој конструктивен предлог за измените на Законот за здруженија и фондации ќе биде прифатен

 

 

 

„Секое добро решение ќе биде прифатено, што отсекогаш  било мое животно и професионално мото, без разлика дали доаѓа од власта или од опозицијата. Ако предлогот е добар и конструктивен ќе биде прифатен“

 

..изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања за  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тупанчески информираше дека советодавното тело заседавало и пред него претстои сериозна обврска да се произнесува во однос на тоа дали историските ликови кои што имаат контроверзно минато можат да бидат дел од името на здружението, односно на фондацијата.

 

„Тоа е советодавно тело,  треба  да се потенцира дека во моментов во Собрание се измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации, што всушност истовремено се движат во насока колку што е можно попронтно итно да бидат решени состојбите коишто не дозволуваат чекање на носење на нов закон“ рече Тупанчески.

 

До донесувањето на новиот закон, целта на овие измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, за чие усвојување практично има консензус и од опозицијата и од власта, е да може веднаш да се реагира и да се амортизираат, односно неутрализираат состојбите коишто настанаа во оваа сфера. На прашањето дали ќе побара преименување на постојните бугарски здруженија, во однос на чии цели веќе реагираа и граѓани и Комисијата за спречување на дискриминација, Тупанчевски потенцира дека легалистички гледано, одредбите не треба да се применуваат ретроактивно, меѓутоа доколку се констатира дека има одредена неправилност или активност што не е во согласност со законот, има и други институции кои имаат можност да постапуваат.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте