HomeМинистерстваМНР: Не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги...

МНР: Не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи

spot_img
spot_img

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со својот хомолог од Република Бугарија, Николај Милков. Ова е нивна прва средба, по назначувањето на министерот Милков на функцијата, во август оваа година.

Во фокусот на разговорот беше исполнувањето на заедничките обврски од  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и остварената соработка во рамките на процесот на унапредување на односите меѓу двете држави.

Притоа, министерот Османи го информира министерот Милков за досега реализираните обврски од наша страна со цел имплементација на одредбите од Договорот. Меѓу другото, го издвои ангажманот на Меѓуресорска работна група за политичка координација на спроведувањето на мерките од Протоколот од Вториот состанок, со која координира Министерот за надворешни работи, како и првите состаноци на тематските подгрупи.

На средбата беа разгледани и бројните провокации од групи и поединци во двете земји, кои изминатиов период засилено доминираа во јавниот дискурс. Министрите посочија дека двете министерства ќе работат активно на зајакнување на добрососедските односи, како взаемен интерес на двете земји, и нема да дозволат провокациите да го нарушат овој процес.

Взаемно беше нагласено дека продолжувањето на дијалогот преку средби, како и преку реализирање на конкретните проекти се единствениот пат кој ќе доведе до  промена на контекстот во кој дејствуваме и се влог во создавањето блиски и пријателски односи меѓу двете држави и граѓани.

Се разговараше и за регионалната соработка во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како најдобра гаранција во соочувањето со политичките, безбедносни и економски предизвици врз својот развој.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија