Нашата најдобра претставничка Мери Акиевска се врати со две одличја од Светското првенство во Бодибилдинг и фитнес, кое се одржа од 18-23-ти октомври во Јеунг, Кореа.
Злато во јуниорска конкуренција и сребро во сениорска конкуренција се резултат за потчит, но и предизвик и мотивација за повторување на успехот и на претстојниот светски куп закажан за почетокот на ноември во Шпанија.
Агенцијата за млади и спорт останува на ставот за целосна поддршка на федерацијата за Бодибилдинг и фитнес, особено за спортистите кои со своите остварувања се вистински амбасадори на нашата држава.
Извор: Агенција за млади и спорт