Врз основа на Решение бр. 24-1247 од 28.10.2022, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
Јавен повик за учество на обука:
Форум за колаборативна пракса (TCP) на тема „Дигитални и социјални иновации за социјална инклузија“ Конференција
5-9 декември 2022 година | Јанина, Грција
Форумот „За колаборативна пракса“ (TCP) е меѓусекторски настан кој го истражува потенцијалот на младинската работа и Еразмус+ за поттикнување на социјалното претприемништво, дигиталните и социјалните иновации кај младите.
Форумот TCP е дел од Youth@Work Partnership, заедно со други проекти кои се однесуваат на младинската вработливост и претприемништво, организирани од 14-те членки на Еразмус+ национални агенции и SALTO-YOUTH ресурсни центри. Можете да дознаете повеќе за Youth@Work на www.youthatworkpartnership.org
Главна цел
Целта е да се поттикнат дигиталните и социјалните иновации за социјална инклузија.
Цели
Целите на 7-тото издание на форумот TCP се:
Поттикнување на соработка и градење на партнерство помеѓу младинската работа и другите сектори на екосистемот за социјални иновации и претприемништво.
Подигнување на свеста и промовирање на димензијата на социјалната вклученост на политиките и практиките за социјални и дигитални иновации.
Можност за вмрежување и споделување идеи, алатки, методи, предизвици и добри практики.
Користење на социјалното претпријатие, социјалните и дигиталните иновации и неформалното учење како начин за поттикнување и овозможување на младите луѓе да ги одржат своите претприемачки животни вештини.
Поттикнување на креативноста, иновативноста, учеството, солидарноста, различноста и социјалната вклученост на младите.
Обезбедување на информации за Еразмус+ и други можности за поттикнување на социјалните и дигиталните иновации.
Зајакнување на гласот на младите луѓе, особено на оние со помали можности, во контекст на Европската година на млади.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Обуката ќе се реализира во периодот од 05 – 09 септември 2022 година (05-ти септември е ден на пристигнување, 09-ти септември е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниов:
Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот/координаторот;
Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19 . Активностите планирано е да се одржат во Кипар. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 01.11.2022 година за 4 учесници.
Линк за аплицирање: https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/towards-collaborative-practice-tcp-forum-on-digital-and-social-innovation-for-social-inclusion.10594/
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност