НАЕОП: Форум за колаборативна пракса (TCP) на тема „Дигитални и социјални иновации за социјална инклузија“ – Конференција

Самостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Форум за колаборативна пракса (TCP) на тема „Дигитални и социјални иновации...

Најчитано

Врз основа на Решение  бр. 24-1247 од 28.10.2022, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

Јавен повик за учество на обука:

Форум за колаборативна пракса (TCP) на тема „Дигитални и социјални иновации за социјална инклузија“ Конференција

5-9 декември 2022 година | Јанина, Грција

Форумот „За колаборативна пракса“ (TCP) е меѓусекторски настан кој го истражува потенцијалот на младинската работа и Еразмус+ за поттикнување на социјалното претприемништво, дигиталните и социјалните иновации кај младите.

Форумот TCP е дел од Youth@Work Partnership, заедно со други проекти кои се однесуваат на младинската вработливост и претприемништво, организирани од 14-те членки на Еразмус+ национални агенции и SALTO-YOUTH ресурсни центри. Можете да дознаете повеќе за Youth@Work на www.youthatworkpartnership.org

 Главна цел

Целта е да се поттикнат дигиталните и социјалните иновации за социјална инклузија.

Цели

Целите на 7-тото издание на форумот TCP се:

Поттикнување на  соработка и градење на  партнерство помеѓу младинската работа и другите сектори на екосистемот за социјални иновации и претприемништво.

Подигнување на свеста и промовирање на димензијата на социјалната вклученост на политиките и практиките за социјални и дигитални иновации.

Можност  за вмрежување и споделување идеи, алатки, методи, предизвици и добри практики.

Користење на  социјалното претпријатие, социјалните и дигиталните иновации и неформалното учење како начин за поттикнување и овозможување на младите луѓе да ги одржат своите претприемачки животни вештини.

Поттикнување на креативноста, иновативноста, учеството, солидарноста, различноста и социјалната вклученост на младите.

Обезбедување на информации за Еразмус+ и други можности за поттикнување на социјалните и дигиталните иновации.

Зајакнување на гласот на младите луѓе, особено на оние со помали можности, во контекст на Европската година на млади.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Обуката ќе се реализира во периодот од 05 – 09 септември 2022 година (05-ти септември е ден на пристигнување, 09-ти септември е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;

Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19 . Активностите планирано е да се одржат во Кипар. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 01.11.2022 година за 4 учесници.

 

Линк за аплицирање: https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/towards-collaborative-practice-tcp-forum-on-digital-and-social-innovation-for-social-inclusion.10594/

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе