spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Добивање електронски пристап до податоците на Агенцијата за катастар на недвижности

ДКСК: Добивање електронски пристап до податоците на Агенцијата за катастар на недвижности

Државната комисија за спречување на корупцијата, за потребите на своето надлежно постапување, ќе презема податоци и документи од Агенцијата за катастар на недвижности во електронска форма, користејќи веб сервиси достапни преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

Оваа соработка за електронска размена на податоци и документи е овозможена со договорот склучен на 28.10.2022 година, помеѓу  Државната комисија за спречување на корупцијата, претставувана од претседателката Билјана Ивановска и Агенцијата за катaстар на недвижности, претставувана од директорот Борис Тунџев.

Електронското преземање на податоците од Агенцијата за катастар на недвижности ќе биде дел од новото софтверско решение на Државната комсијата за спречување на корупцијата чија изработка е во завршна фаза а кое опфаќа повеќе модули и тоа: електронско пријавување на имотната состојба и интресите, регистар на избрани и именувани лица и електронска размена на податоци со повеќе државни органи и институции.

Со потпишувањето на договорот ќе се овозможи Државната комисија да прибавува потребни податоци и документи со кои располага Агенцијата за катастар на недвижностите во електронска форма без да доставува писмени барања, што ќе придонесе  во зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведувањето на нејзините законски надлежности, особено во делот на евидентирањето и следењето на имотната состојба и интересите.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...