spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Изградба на капиталниот проект Колекторски систем за фекална канализација во населените...

Илинден: Изградба на капиталниот проект Колекторски систем за фекална канализација во населените места Илинден – Марино

Општина Илинден продолжува со интензивна изградба на капиталниот проект Колекторски систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино во должина од 5000 метри.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на градежните активности на левиот крак во н.м. Илинден, кој е во должина од 2470 метри и е во завршна фаза.

– Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден. Изградбата на фекална канализација е наш приоритетен проект, кој и во наредниот период ќе продолжиме интензивно да го реализираме, особено во најниските делови од населените места во Општината, истакна градоначалникот Георгиевски.

На овој колекторски систем кој ги опфаќа фекалните цевки кои се наоѓаат во профилот на отворениот одводен канал е предвидено да се приклучат приближно 2.500 домаќинства.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...